25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на девизните резерви – се трошат парите од јануарската Евро...

Благ раст на девизните резерви – се трошат парите од јануарската Евро обврзница

Народната Банка (НБРМ) чува 2 милијарди 577 милиони и 200 илјади евра. Девизните резерви пораснале за 42.8 милиони евра за една година.

Според последните податоци заклучно со 31.03.2018 НБРМ располагала со 2 милијарди и 157 милиони евра во хартии од вредност, 238 милиони во монетарно злато, 178 милиони како валути и депозити.. Заедно со останатите помали позиции вкупната вредност на депозитите е речиси 2.6 милијарди евра.

Речиси во текот на целата измината година девизните резерви имаа тенденција на намалување, паѓаа во сите месеци освен во февруари, август, октомври и декември.

Трендот целосно се промени во јануари оваа година, кога беше издадена Евро обврзницата „тешка“ 500 милиони евра.

Девизните резерви освен во евра и американски долари се чуваат и во австралиски и канадски долари, како и во норвешки и шведски круни. Оваа практика стана поизразена пред неколку години откако се засили кризата во Евро зоната.

Инаку девизните резерви ја гарантираат вредноста на денарот. И стојат на располагање на Народната Банка за регулирање на нерамнотежите во платниот биланс и на девизниот пазар.

Гледано по години, во 2017-та девизните резерви се намалија за 277 милиони евра, во 2016-та пораснаа за 351 милион евра (издадена Евро обврзница), во 2015-та се намалија за 231 милион (отплата на доспеани кредити), во 2014-та се зголемија за рекордни 484 милиони евра (издадена Евро обврзница).

Состојбата со девизните резерви неодамна беше и причина за партиски обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од опозициската партија обвинија дека резервите се топат а економиајта назадува. Од власта возвратија дека кредитниот рејтинг за земјава што го објави агенцијата “Фич“ е потврда дека економските политики на Владата биле успешни.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП