Поранешниот пејач на “Бело дугме”, Ален Исламовиќ ги засади првите лешници во Бихаќ кон крајот на 2016 година, а сега има 1.500 садници на 2,3 хектари, објави Радио Слободна Европа.
На прашањето зошто баш лешник, Исламовиќ одговара: Лешникот е многу интересно дрво и научно се докажува дека расте од 80 до 100 години, така што со оваа плантажа ќе може да се бави и мојот внук и правнуците.
“Прочитав многу за лешниците, посетив некои плантажи во Македонија, Србија”, вели тој, додавајќи дека Бихаќ има идеални услови за овој лешник.
Исламовиќ вели дека планира да го прошири својот бизнис и да направи својот бренд во иднина – “еко-лешник” кој ќе се пакува и извезува на пазарите на Европската унија.
“Имам контакти со Шведска, Данска и Норвешка кои сакаат лешници, ги немаат за јадење, а не па за производство”, изјави тој за Радио Слободна Европа.
Позначајни приноси очекува за 5 години. Секој лешник е регистриран и лиценциран, па затоа не се грижи за извозот во ЕУ.
Исламовиќ неодамна посочи дека ако знаел дека земјоделството е толку интересно, тој ќе почнал со тоа порано.
“Исто така планирам мал овоштарник. Ќе посадам цреши, вишни, јаболка, круши, сливи … Тоа ќе биде вистински мал коктел-овоштарник”, рече Исламовиќ.