18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од Г-7 размислуваат за нови санкции против Русија

Земјите од Г-7 размислуваат за нови санкции против Русија

Земјите од групата на седумте најразвиени индустриски држави (Г-7) може да воведат нови санкции против Руската федерација поради ситуацијата во Донбас, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на земјите од „Г-7“ и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедноста Федерика Могерини, дистрибуирана од канадското Министерство за надворешни работи.

„Ние сме подготвени да преземеме дополнителни рестриктивни мерки, ако активностите на Русија го бараат тоа“, се посочува во соопштението објавено по завршувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од „Г-7“ во Торонто.

Истовремено министрите го осудија „неодговорното и дестабилизираното однесување“ на Русија и ја повикаа Москва да помогне за решавање на конфликтот во Сирија, пренесоа агенциите.

Американските разузнавачки служби тврдат дека Русија се вмешала во кампањата на претседателските избори во САД во 2016-та година, а Москва е обвинувана и за нападот со нервен гас против поранешен руски шпиони во Велика Британија, кои „Г-7“ категорично ги осуди, потсетуваат агенциите.

„Ја повикуваме Русија да прекине со ова однесување кое е многу штетно за изгледите за конструктивна соработка“, истакнаа министрите во заедничката изјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП