23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтавот на ЕУ се менува, Брегзитот не е крај!

Ставот на ЕУ се менува, Брегзитот не е крај!

Европската унија ја изрази подготвеноста за обезбедување пристап на британската индустрија за финансиски услуги на единствениот пазар по „Брегзит“.

Тоа го изјави министерот за лондонскиот „Сити“, Џон Глен, кој наведе дека договорот за транзиција, за кој минатиот месец се договорија Британија и ЕУ, им овозможува на финансиските компании со оптимизам да продолжат со правење на долгорочни планови, пренесува „Ројтерс“.

„Маглата се расчистува… Веќе гледаме напредок. ЕУ сега призна дека за финансиските услуги треба да постои одреден облик на пристап на пазарот, а претходно не се согласуваше со оваа идеја“, рече Гвен на конференцијата во неделата во Лондон,

Големиот британски финансиски сектор претставува еден од најпроблематичните во преговорите за „Брегзит“, поради што Британија бара отстапки, додека пак ЕУ не се откажува од инсистирањето дека британските „црвени линии“ како што се оние за укинување на слободното движење на работниците од ЕУ, остварувањето на одредени отстапки го оневозможуваат.

Британија предложи идната трговска соработка со блокот од областа на финансиските услуги да се заснова на взаемно почитување на прописите од двете страни. Тој модел подразбира тесна соработка помеѓу регулаторот и креаторот на финансиската политика во Брисел и Лондон.

Меѓутоа, Брисел до сега не ја признаваше таа идеја, тврдејќи дека такво нешто никогаш порано не постоела во толку голем обем.

Кетрин Мек Гинис, шефицата за политиката на лондонски „Сити“, изјави дека „меѓусебното признавање на прописите е единственото најдобро решение“.

Решение е едностран систем, во кој блокот одобрува пристап на својот пазар само доколку другата држава е усогласена со нивните прописи.

Меѓутоа, тој систем исто така му овозможува на Брисел по кратка постапка да може да ја откаже дозволата за пристап на пазарот, додава „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП