20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов резервоар за стабилно водоснабдување на Дебар

Нов резервоар за стабилно водоснабдување на Дебар

И покрај тоа што градот Дебар се снабдува со вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар и во актуелниот резервoар во градот влегуваат 120 литри во секунда, сепак секое лето се чувствува голем недостиг на вода.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, најави изградба на уште еден нов резервoар за вода со капацитет од 500 кубици вода, но исто така апелираше за стопирање на појавата на злоупотреба на водата за пиење за наводнување зелени површини. Тој додаде дека Дебар има доволно вода и во текот на летниот период не смее да се дозволи делови од градот да се соочуваат со проблемот со недостиг на вода.

Директорот на ЈКП ,,Стандард“, Мазлум Леши, информираше дека раководството на јавното претпријатие кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар веќе ги има преземено сите мерки за стопирање на појавата на злоупотреба на водата за пиење за наводнување земјоделски површини во делови на периферијата на градот.

Исто така тој нагласи дека се преземени мерки и за подобрување на наплатата на сметки бидејки претпријатијата, фирмите и граѓаните на ЈКП ,,Стандард“ му должат над 1 милион евра. Поради оваа состојба, оваа јавно претпртијатие ги нема платено придонесите за здравствено и пензиско осигурување за вработените околу десетина години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП