20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКонтролирајте се во овие пет ситуации на работа

Контролирајте се во овие пет ситуации на работа

Вашиот говор на телото кажува многу повеќе од што мислите. Може да сте најодговорен работник, но некои ваши движења можат да направат лоша слика за вас.

Подгрбавено седење

Ако седите подгрбавено давате слика на незаинтересирана личност, а тоа не е добар знак. Седете исправено на вашето работно место за да изгледате одговорно.

Не се држите на потребно растојание

Доколку претерано се доближувате до вашите колеги за време на разговор, упаѓате во нивната зона „приватен простор“. Одржувајте умерена оддалеченост од вашиот колега за време на разговор.

Не остварувате контакт со очи

Ако гледате во телефон додека вашите колеги расправаат на важна тема може да оставите впечаток дека не сте заинтересирани. Гледајте ги во очи вашите соговорници за да се вклучите во дискусијата.

Не се поздравувате

Влегување во просторија каде што има луѓе без поздравување се смета за нецивилизираност.

Превртување со очите

Превртување очи може да ви помогне да се исконтролирате од искажувањето на незадоволство и огорченост, меѓутоа, во таков случај сте непристојни кон другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП