3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка објави рекордни трансфери кон сиромашните земји

Светска банка објави рекордни трансфери кон сиромашните земји

Светска банка објави дека во изминатата 2017-та година биле остварени рекордни по големина парични трансфери по две последователни години на пад. Големината на испратените средства во земјите со слаб или среден приход достигна 466 милијарди долари во 2017-та година во однос на 429 милијарди долари во 2016-та година што претставува зголемување од 8,5%, се наведува во соопштението на институцијата.

Порастот на дознаките е поголем од предвиденото поради растот во Европа, Русија и САД, што им овозможува на емигрантите и нивните семејства да испраќаат повеќе пари во Индија (69 милијарди долари), Кина (64 милијарди долари), Филипини (33 милијарди долари), Мексико (31 милијарди долари), Нигерија (22 милијарди долари) и Египет (20 милијарди долари).

Овој скок на трансферите, деноминирани во долари, се должи и на поскапувањето на нафтата, како и зголемувањето на курсот на еврото.

По региони Европа и Азија забележаа најголемо зголемување на трансферите со 21%, додека во делови од Африка тоа е со 11,4%.

Очекувањата се испратените средства кон сиромашните земји да се зголемат за уште 4,1% во 2018-та година, за да достигнат 485 милијарди долари.

Вкупно трансферите кон странство, вклучувајќи ги и оние кон богатите земји, би требало да се зголемат до 642 милијарди долари во 2018-та година (раст од 4,6%) во однос на 613 милијарди долари во 2017-та година (раст од 7%), посочија дури и од Светска банка.

Да испратиш 200 долари кон татковината чинело просечно 7,1 проценти во првиот квартал од 2018-та година и оваа тарифа е доста поголема од одредувањето како оптимална. Суб-сахарска Африка останува најскап регион за испраќање на пари, со просечна цена од 9,4% од вредноста на испратената сума.

„Сега, кога паричните трансфери се зголемуваат, земјите, институциите и агенциите за развој треба да продолжат да ги намалуваат високите цени, за да им овозможат на семејствата да добиваат повеќе пари“, тврди аналитичарот на Светска банка, Дилип Рата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП