3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 2 години бројот на руските милијардери се зголеми за 29%

За 2 години бројот на руските милијардери се зголеми за 29%

Бројот на руските милијардери се зголеми за 29% во последните 2 години, и покрај заладените геополитички односи меѓу Москва и економските санкции наметнати на Русија.

Во текот на изминатата недела „Forbes“ објави дека најбогатите луѓе во земјата имаат изгубено 16 милијарди долари само за ден откако седум руски олигарси беа санкционирани од страна на администрацијата на САД, како одговор мерка против мешањето на Москва во претседателските избори во 2016-та година.

И покрај санкциите сепак, во последните две години бројот на милијардери во земјата се зголеми од 77 во 2016-та година на 96 во 2017-та година и 106 во оваа година.

Од 2017-та година до денес вкупното богатство на руските олигарси се зголеми за 25 милијарди долари, до вкупни 485 милијарди долари.

Според последните податоци на списанието „Forbes“, најбогатиот Русин е Владимир Лисин со 19.6 милијарди долари, додека Алексеј Мордашов и Леонид Микелсон ги заземаат наредните две места со 18,8 и 17,8 милијарди долари.

Во Топ 5 се наоѓаат Вагит Алекперов и Генади Тимченко со 17 милијарди долари и 15,7 милијарди долари. Вкупно 11 од руските олигарски поседуваат над 10 милијарди долари, а последен во ова рангирање е Роман Абрамович со 11,2 милијарди долари.

Најновите руски богаташи се Иван Савидис кој неодамна упадна вооружен на теренот при натпревар на свој тим „ПАОК“, што му донесе казна од 3 години забрана за присуство на натпревари од првенството на Грција, поранешната сопруга на Олег Дерипаска – Полина, како и инвеститорот во трговски центар во Сибир, каде што неодамна избувна пожар и вкупно 64 лица загинаа – Денис Штенгелов.

Податоци на „Forbes“ покажуваат дека тројца Руси отпаднаа од листата на најбогатите луѓе во светот во 2018-та година.

Тоа се инвеститорот во недвижности Борис Минтс, банкарот Микаил Шишканов и бизнисменот специјализирана во осигурувањето, Данил Качатуров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП