1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто им препорачува Лагард на Грците?

Што им препорачува Лагард на Грците?

Christine Lagarde

Грција не смее да попушти со фискалните реформи кои започнаа да даваат резултати, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард.

„Сега не е време да попуштите со напорите“, изјави Лагард за грчката телевизија „NET“, а пренесува агенцијата Франс Прес.

„Постојат некои навистина позитивни знаци, но очигледно е дека е потребно уште да се работи на собирање на приходи, на незвисност на даночната администрација и реформите на пазарот за стоки и услуги. Мислам дека отварањето на одреден пазар ќе привлече инвеститори и ќе обезбеди напредок за грчката економија“, изјави таа.

По шест години рецесија, грчката економија според прогнозите, наредната година би требало да оствари мал раст, иако меѓу европските претставници постои несогласување околу тоа дали е тоа возможно.

Организацијата за економска соработка и развој прогнозираше дека рецесијата во Грција ќе продолжи и наредната година, со негативен економски раст од 1,2 проценти.

Најдобра шанса за Грција е остварувањето на примарен суфицит во 2014 година, не вклучувајќи го сервисирањето на јавниот долг, со што ќе и се овозможи уште еден отпис на долговите, откако приватните кредитори минатата година и простија речиси една третина од јавниот долг, односно повеќе од 100 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП