10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинескиот конкурент на Teslа беше промовиран во Милано (фото+видео)

Кинескиот конкурент на Teslа беше промовиран во Милано (фото+видео)

„Byton“ – кинеската компанија го претстави својот целосно електричен „SUV“ модел и во Европа.

Oвој концепт за прв пат беше најавен на Саемот за електроника во Лас Вегас на почетокот на јануари, а Европа може прв пат да се види сега во Милано.

Од компанијата истакнуваат дека „Byton EV“ е 85 oтсто подготвен за сериско производсто, кое се очекува за почне на крајот на 2019-та во Кина.

„Byton“ планира да инвестира околу 400 милиони евра со цел нивниото возило на време да биде 100% подготвено за производство.

Единственото карактеристично обележје на „Byton“ се екраните – еден на воланот и другиот кој се простира на целата ширина на автомобилот.

Eлектромоторот испорачува моќ од 272 KS во верзијата со погн само на задната осовина или 476 KS во верзијата со погон на сите четири тркала.

Батериите се со капацитет од 71 и 95 kWh кои овозможуваат домет од 400, oдносно 520 километри со само едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП