19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијално забранети, крај на употребата на криптовалути во оваа држава!

Официјално забранети, крај на употребата на криптовалути во оваа држава!

Централната банка во Иран официјално ја забрани употребата на криптовалутите во финансиските трансакции, со цел спречување кривични дела од типот на перење пари и тероризам.

Според објавената листа од страна на „Donya-e-Eqtesad“, забраната се однесува на сите монетарни и финансиски центри во земјата, вклучувајќи ги и банките, финансиската индустрија и менувачниците, пренесува агенцијата „ AP“.

Овој потег е направен од страна на иранските власти за да можат да го контролираат пазарот на валутите откако националната валута – Ријал, овој месец падна на најниската вредност откако постои на пазарот.

Иако, употребата на криптовалути, како што е биткоинот, никогаш не ни била одобрена во Иран, тие биле секогаш достапни на паралелните пазари.

Имено, криптовалутите се креираат и разменуваат независно од банките и владите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП