5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвестициското банкарство ги поддржа резултатите на UBS

Инвестициското банкарство ги поддржа резултатите на UBS

Најголемата швајцарска банка „UBS“ објави раст од 19% на нето добивката за првото тримесечје благодарение пред се на високите резултати на инвестициското банкарство во позадината на зголемената нестабилност на глобалните пазари, соопштува „Ројтерс“.

Раст од 23% на профитот пред даноците на дивизијата за инвестициското банкарство, како и силно претставување на водечкиот бизнис за управување со благосостојбата, помогнале за профит на банката за првиот квартал од 1,51 милијарди франци (1,6 милијарди долари) за да ја надминат просечната прогноза во анкетата на „Ројтерс“ од 1,37 милијарди франци.

Благодарение на случувања на пазарот на капитал инвестициското банкарство успеало да ги зголеми приходите од тргување со акции и да привлече повеќе пари од клиенти при консултации за зделки, најмногу во Азија.

„Имавме одличен почеток во 2018-та година, при што резултатите уште еднаш не ја покажаа силата на нашиот диверзифициран бизнис“, изјави главниот извршен директор Серџо Ермоти.

Подобрената нестабилност ја зголеми заработката на трговците во првите три месеци од 2018-та година.

Многу инвестициски банки успеаја да ги запрат трансакции и компании кои се повлекуваат од планираниот продор на пазарот поради стравувањата дека ќе привлечат помалку од очекуваното.

„UBS“, сепак, има подобри резултати во кварталот благодарение на консултациите за корпоративни клиенти, додека приватните договори помогнаа да се намали падот на приходите од јавните понуди.

„Консултантските приходи пораснале до 186 милиони од 166 милиони франци, одразувајќи на повисоките приходи од спојувања и превземања во позадина на глобалниот пад на надоместоците од 15% и повисоките приходи од приватни трансакции“, рече банката во извештајот за кварталот.

Водечкиот бизнис за управување со богатството привлече нови средства вредни 19 милијарди франци, поради посилните перформанси во САД и Азија.

И покрај одличните податоци за профитот „UBS“ ги задржа претпазливи проекциите за претстојниот квартал, велејќи дека перцепира геополитичките тензии и зголемениот протекционизам, како закани за довербата на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП