27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШесте најдобри вински региони во Европа

Шесте најдобри вински региони во Европа

Живописните пејзажи, екстензивните лозја, богатата историја и најдобрите вина во светот – што повеќе сакаат љубителите на вино и патувањата?

„Wanderlust“ раскажува за шесте најдобри региони на вино во Европа.

Лангедок, Франција

Лангедок-Русиљон, кој е едноставно познат како Лангедок, е историска област на јужниот брег на Франција. Таа произведува над 1/3 од виното низ целата земја.

Од мај до август, таму има е период кога има голема суша. Лангедокските рамнини се најжешките и најсушните региони на Франција.

Лангедок ги привлекува туристите со плажи, планини, идилични села и, се разбира, вино.

Задолжително пробајте го виното Benjamin Darnault Minervois (2016). Меко, класично вино.

Тоскана, Италија

Областа Кианти во Тоскана е еден од најубавите во целиот регион – живописен пејзаж со зелени ридови, покриени со лозја, маслинови дрвја и камени селца. Во близина се наоѓаат и други региони за производство на вино – „Брунело ди Монталчино“ и „Нобиле ди Монтепулчано“.

Риоха, Шпанија

Вината Риоха ќе го здржат вашето внимание исто толку колку и оние од Бордо и Бургундија. Главниот регион за производство на вино е Темпраниљо.

Риоха е слабо познато место. Недооценето. Сепак, таа нуди прекрасни сценографии и средновековни села, бескрајни лозја и маслинови градини.

Рајнланд, Германија

Ова е вториот по големина регион за производство на вино во Германија. Пејзажот е идиличен, постојат реки, шумски области и безброј пешачки патеки.

Овде, љубителите на виното можат да видат како се одгледува „Пино Гри“, што е тешко да се претвори во пијалок.

Дору, Португалија

Дору е регион познат по производство на вино. Тој се наоѓа на реката Дору и е заштитена од атлантските ветрови со планини. Климата е блага, медитеранска.

Долината на Лоара, Франција

Долината се наоѓа во средината на реката Лоара, во централниот дел на Франција. Популарно наречен „градината на Франција“, која што нуди бескрајни лозја, овоштарници и аспарагус полиња кои растат долж бреговите на реката.

Поголем дел од годината климата е пријатна. Реката често служи како линија за поделба помеѓу времето во северна и јужна Франција. Тука летото е жешко. Освежувачките ветрови од Атлантикот го ублажуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП