25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 мај во УЈП само со закажување

Од 1 мај во УЈП само со закажување

Само со претходно закажан термин, даночните обврзници и сметководители на подрачјето на Скопје и неговата околина од 1 мај ќе можат да ги користат услугите на УЈП – Регионална дирекција Скопје.

„Услугата ‘закажи средба’ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП – Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа: добивање општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци; отворање бизнис и регистрација на даночен обврзник; консултации за издадени даночни документи; утврдување на даноци; постапки за наплата на долгови; правни прашања и консултација за други специфични прашања“, соопшти УЈП.

Закажувањето термин за средба може да се врши преку Инфо-центарот на УЈП 0800 33 000 или 02/3253 200 или он-лајн преку веб-страницата на Контакт-центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk . Странката, односно даночниот обврзник или сметководителот што закажал средба во УЈП – Регионална дирекција Скопје, а не е во можност да присуствува на закажаниот термин, потребно е средбата да ја откаже или да ја презакаже за друг достапен термин преку Инфо-центарот или он-лајн.

Од УЈП велат дека воведувањето на системот „закажи средба“ е со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање, намалување на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП