20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром е подготвенa да преговара со Украина за транзит на гас

Газпром е подготвенa да преговара со Украина за транзит на гас

„Газпром“ е подготвен да преговара со „Нафтогаз Украина“ за транзит на руски природен гас по 2019-та година. Меѓутоа, компанијата поднесе барање за предвремено раскинување на транзитниот договор во Арбитражниот суд во Стокхолм.

Во објавата на холдингот, јасно е дека разговорите за раскинување на договорот со украинската страна не доведе до резултат.

Шефот на „Газпром“, Алексеј Милер си остава „врата“ за продолжување на транзитот на гас и по 2019-та година, кога истекува договорот меѓу двете компании. Тој коментираше за новинарите дека „Нафтогаз“ мора да ја докаже економската изводливост на пренос на гас во Европа преку територијата на Украина.

Ако условите се поволни, „Газпром“ може да транзитира 10-15 милијарди кубни метри природен гас преку „Нафтогаз“. Капацитетот на украинската гасоводна мрежа е значително поголем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП