29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција прифати понуда за Desfa од 535 милиони евра

Грција прифати понуда за Desfa од 535 милиони евра

Грчкиот државен фонд за приватизација (HRADF) го номинира за најпосакуван кандидат конзорциумот меѓу „Snam“, „Enagás Internacional“ и „Fluxys“ за продажба на 66% од капиталот на операторот за пренос на гас „Desfa“. Понудата на конзорциумот изнесува 535 милиони евра.

За продажба се нудат уделот на „HRADF“ (31%) и на „Hellenic Petroleum“ (35%) во компанијата. Одборот на директори на „Hellenic Petroleum“ исто ја одобрил понудата, станува јасно од пораката на сајтот на Фондот за приватизација.

Со години, Атина се обидува да ја продаде „Desfa“, но досега не беше успешна. Во годините недостигаше интерес кон компанијата, а во 2016-та година, процесот беше прекинат, бидејќи единствениот кандидат – азербејџанската „Socar“, се откажа.

Компанијата потоа понуди 400 милиони евра, но одби да ги почитува правилата на ЕУ за сопственоста на преносната мрежа на гас и договорот не успеа.

Продажбата на „Desfa“ е дел од барањата на доверителите на Грција за намалување на државниот удел во енергетиката.

Во минатото, процесот на приватизација се бореше силно поради силните протести во општеството. Во последниве години, сепак Атина успеа да исполни некои од барањата на доверителите и ги даде по концесија пристаништето во Пиреја, како и неколку регионални аеродроми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП