25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦелосно различен од другите: Новиот Maybach излезе на виделина (фото+видео)

Целосно различен од другите: Новиот Maybach излезе на виделина (фото+видео)

Пет дена пред официјалната премиера на луксузниот концепт на „Mercedes-Maybach – Ultimate Luxury“ на Интернет се појавија фотографии од седанот со зголемена проодност. Автомобилот со необичниот изглед ќе дебитира на саемот во Пекинг, а од 2020-та година на пазарот ќе се појави и сериската верзија.

Суперлуксузниот автомобили е создаден за богаташите од Русија, Блискиот Исток и Кина, кои со години сонуваат за сличен модел и во „Daimler“ реагираа што е можно најбрзо.

Сериската верзија на „Ultimate Luxury“ ќе е со хибриден погон, а суштински дел од неа ќе биде 4-литарски V8 бензински мотор со две турбини, а вкупната моќност на постројката ќе биде над 500 коњски сили, а на само на струја лимузината ќе може да мине најмалку 50 километри.

Со оглед на особеностите на купувачите, дизајнот на ентериерот се обложува на великодушно користење на злато, природни дрво и кожа, а креатори на автомобилот не се загрижени дека ќе бидат обвинети дека вложуваат премногу на кичести форми на луксузот. Во задниот ред се оформени две индивидуални места, разделени од дел за „јадење“ со чајник и скромен сервис чаши.

Сериската верзија најверојатно ќе добие обичен ретровизор што ќе ја смени камерата што се е употребена во концептот, но речиси е сигурно дека огромните бандажи ќе останат.

Се уште не се знае дали луксузниот седан ќе е сериски или ќе биде произведен еднаш во супер ограничена серија, што ќе донесе нови главоболки на олигарсите, кои многу го сакаат, но нема да успеат да се квалификуваат за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП