13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈапонски воз кој вози со 500 км/ч

Јапонски воз кој вози со 500 км/ч

li-maglev-train-2856706

Новата генерација јапонски брзи возови на магнетно поле ќе се движат со 310 милји на час (496 км / ч). Премиерата на првата композиција со пет вагони беше во префектурата Јаманаши. Тестирањата на новите машини ќе почнат во септември.

Новиот тип „воз-куршум“ е дело на „Central Japan Railway Co“ (JR Tokai). Првично се планира тој да служи на трасата Токио-Нагоја. Кога ќе стапи во функција се очекува овој воз да го намали патувањето меѓу двата града од сегашните 90 минути на 40 минути.

Japan-unveils-prototype-of-310-mph-Maglev-Train-1-750x445

Откако ќе завршат тестовите на возот, композициите ќе се состојат од 15 вагони и ќе пренесуваат до 1.000 патници. Потоа до 2045-та година, трасата на „возот-куршум“ на магнетно поле ќе биде продолжена до Осака. Во иднина Токио планира да изгради национална мрежа за возови кои ќе се движат на магнет.

Имено Земјата на изгрејсонцето го создаде првиот „воз-куршум“ во 1964-та година, а премиерата на новата транспортна технологија беше организирана да се поклопи со олимписките игри во Осака. Од тогаш Јапонија создала мрежа со должина 2250 км по која се движат такви возови со брзина од околу 320 км / ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП