18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка не се брза со промена на монетарната политика

Швајцарската централна банка не се брза со промена на монетарната политика

И покрај неодамнешното слабеење на швајцарскиот франк, Швајцарската централна банка (SNB) не гледа причина да ја менува негативната стапка од минус 0,75%.

„Ние сме убедени дека сегашната монетарна политика е се уште неопходна“, изјави претседателот на „SNB“, Томас Јордан.

Според неговите зборови, сега не е време да се зборува за промена на монетарната политика.

Претходно франкот го достигна минималниот девизен курс од 1,20 франци за евро за прв пат од укинувањето на фиксниот курс со еврото на почетокот на 2015-та година.

„Ова е чекор во вистинската насока“, рече Јордан. И покрај неодамнешното поевтинување според него швајцарскиот франк се уште се смета за предност „азил“, но ситуацијата е „кревка“ и е подготвена да се промени од денес за утре. „Значи остануваме многу разумни и претпазливи“, додава тој.

Иако одби да ја коментира политиката на Европската централна банка, Јордан изјави дека главните централни банки во светот се враќаат кон „нормалното“ и тоа е позитивен знак и кој ќе им „помогне на помалите економии, така што ќе им даде повеќе можности за маневрирање во иднина“.

Истражувањата на „Bloomberg“ за странските девизни курсеви ја поддржуваат претпазливата позиција на претседателот на Швајцарската централна банка: Просечната прогноза за курсот евро-франк е 1,18 за евро кон крајот на 2018-та година.

Швајцарската централна банка веќе ја промени комуникациската политика во минатата година, така што ја замени дефиницијата за франци „значително преценет“ со „високо оценет“.

Во интервју минатата недела Гувернерот Томас Јордан објасни дека финансиските пазари остануваат во „кревка“ состојба и е премногу рано за затегнување на монетарната политика. Швајцарската валута може да се смири бидејќи купувањето на обврзници од Европската централна банка е завршено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП