1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на Франција

ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на Франција

francija1

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера ја намали прогнозата за економскиот раст на Франција за 2013 и 2014 година, наведувајќи дека ќе биде тешко да се промени трендот на раст на невработеноста до крајот на годината.

Фондот наведува дека францускиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде намален за 0,2 проценти, додека следната година ќе се зголеми за 0,8 проценти, во однос на претходната прогноза за пад на БДП од 0,1 проценти во 2013 година и раст од 0,9 проценти во 2014 година, пренесува агенцијата Франс Прес.

„По два квартали со негативен раст (последниот квартал од 2012 година и првиот од 2013 година), економската активност би требало да започне да закрепнува во втората половина од 2013 година, благодарение на постепеното подобрување на ситуацијата во еврозоната“, наведува ММФ, предупредувајќи дека сеуште постојат фактори кои можат да ја загрозат способноста на француската економија да напредува и да создаде можност за нови вработувања.

Втората по големина економија во еврозоната падна во рецесија во првиот квартал од оваа година, а во април беше регистриран рекорден број на невработени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП