Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Митровски: Банките имаат доволно средства за кредитирање, каматите не се менуваат

Време: 16:09

Датум: април 20, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Банките имаат доволно средства и ќе поддржат кредитирање и на населението и на фирмите, а каматните стапки сметаат дека се добри и засега нема да се намалат.

Ова го истакна Коста Митровски, главен извршен директор и претседател на Управнито одбор на УНИ банка ад Скопје, кој од денеска е претседател на новоформираната Македонска банкарска асоцијација.

– Банките се подготвени да го поддржат кредитирањето и на фирмите и на населението. Се радуваме доколку се доставуваат што повеќе барања и од страна на команиите и од страна на граѓаните. Средствата имаме доволно и очекуваме сите оние на кои им се потребни тие средства да ги пласираме, изјави Митровски.

Тој оцени дека каматните стапки во моментов се доста добри и кај физичките лица и кај компаниите и оти има кредити кои се одобруваат на компаниите и за три проценти.

– Каматните стапки во овој момент се атрактивни кои на фирмите им овозможуваат да прават профит. Засега не се планира намалување на каматните стапки, меѓутоа тоа е секако политика на секоја од банките посебно, изјави Митровски денеска пред одржувањето на Основачкото собрание на Здружението за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење – Македонска банкарска асоцијација.

Основачи на Асоцијацијата се 15 банки и две штедилници кои работат согласно одредбите на Закконот за банките и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Република Македонија.

Со почнување на функционирањето на Асоцијацијата згаснува работата на досеганото Здружение на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

– Здружението на банкарство егзистираше во рамки на Стопанката комора, а новата асоцијација е со повисок облик на организирање и во својство на правно лице. Од денеска натаму сите наши активности и соработки со сите здруженија, стопански комори, асоцијации ќе контактираат преку новата Асоцијација, рече Митровски.

Тој додаде дека Асоцијацијата е подготвена со своите стручни кадри да излеземе во пресрет на сите институции на владата, како и министерствата кои ќе имаат потреба од нивни стручни мислења во наредниот период за изготвување нови законски решенија кои се во делокруг од нивното работење.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Русија донесе закон против лажни вести и навреди на властите на интернет

    Русија донесе закон против лажни вести и навреди на властите на интернет

    Претседателот Владимир Путин потпишал закон за нови, строги казни за граѓаните на Русија, кои шират, она што властите го сметаат за лажни вести на интернет…

  • Македонското име останува нерешен проблем, барем во трговијата

    Македонското име останува нерешен проблем, барем во трговијата

    Македонското име останува нерешен проблем, барем во трговијата. Двете земји допрва треба да преговараат за користењето на придавката, на марките, на брендовите, а веќе постојат…

  • Потпишан нов меморандум за соработка помеѓу регулаторните институции на финансискиот систем

    Потпишан нов меморандум за соработка помеѓу регулаторните институции на финансискиот систем

    Регулаторните институции на финансискиот систем на земјава ќе ги зајакнат активностите  за подигнување на нивото на финансиска писменост, а започнуваат и активности за подобрување на…

  • Почнува пролетта

    Почнува пролетта

    Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 22 часот и 58 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи…

  • Тереза Меј нема да бара долго одложување на Брегзит

    Тереза Меј нема да бара долго одложување на Брегзит

    Британската премиерка Тереза ​​Меј нема да бара од Европската унија долго одложување на Brexit, објави BBC. BBC во вторникот објави дека Меј во писмото до…

  • Азиските индекси паднаа, се чека FED

    Азиските индекси паднаа, се чека FED

    Азиските индекси паднаа од највисоките нивоа во шест месеци, бидејки инвеститорите чекаат на одлуките на Федералните резерви. Се очекува Банката на федерални резерви(FED) барем малку…

  • Општина Прилеп избрана за најеколошка општина во Македонија за 2018 година

    Општина Прилеп избрана за најеколошка општина во Македонија за 2018 година

    Денес во Стопанската комора компанијата Пакомак го финализираше конкурсот за избор на најеколошка општина за 2018 година. Според претходно зададените критериуми нивната комисија се одлучи…

  • Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

    Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

    Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии…

  • Луѓето кои ќе се доселат во Австралија три години нема да смеат да живеат во градови

    Луѓето кои ќе се доселат во Австралија три години нема да смеат да живеат во градови

    Австралија одлучи да го намали бројот на доселеници, а исто така им забранува на новородените жители да живеат во најголемите градови во првите три години…

  • МАПАС издаде дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана за основање на на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

    МАПАС издаде дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана за основање на на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС денеска издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови…