25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на глобално ниво достигна рекордни 164.000 милијарди долари!

Долгот на глобално ниво достигна рекордни 164.000 милијарди долари!

Растечкото ниво на долгот и можната трговска војна помеѓу двете најголеми економски сили претставува закана за глобалната економија која до сега не била во толку добра состојба, предупреди директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристина Лагард.

„Трговската војна нема да биде фатална само за двете држави, затоа што светот е поврзан. Таа ќе ја погоди глобалната економија“, изјави таа за новинарите во Вашингтон алудирајќи на тензиите помеѓу САД и Кина, пренесува агенцијата „АP“.

Според ММФ глобалната економија ќе порасне за стапка од 3,9% во оваа година, по забрзано темпо од 2011-та година, но Лагард порачува дека „Се повеќе и повеќе се појавуваат облаци над хоризонтот“ , како што се трговските тензии и растечкиот долг на глобално ниво, кој достигна до рекордни 164.000 милијарди долари.

За крај таа предупредува дека долговите на владите со напредни економии се на највисоко ниво за прв пат од она за време на Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП