26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПогледнете како новите роботи склопуваат столчиња (видео)

Погледнете како новите роботи склопуваат столчиња (видео)

Мака ви е од неразбирливи упатства за склопување на новиот мебел и не знаете што со него, на помош доаѓа новиот робот кој може да состави столче од „Икеа“ за само неколку минути.

Роботот беше развиен од страна на неколку научници од технолошкиот факултет во Сингапур – „Nanyang“. Древниот стол на „Икеа“ може да го состави за 8 минути и 55 секунди.

Роботот всушност е уред со две механички раце. Процесот започнува со тродимензионално фотографирање на деловите растурени на под, што на некој начин претставува имитирање на неред кој настанува по отварање на парчињата.

Секоја рака на роботот има сличен опсег на движење како кај човек, а во зглобовите е вграден сензор кој ја одредува силата на прстите и стручноста при склопување.

„Роботите работат со многу посложена прецизност од што изгледа“, рече професорот Гуанг Чунг, еден од застапниците кои работеа при нивниот развој.

Стручњаците ќе продолжат да работат на унапредување на способностите на роботите, но оние кои очекуваат голема помош при склопување на мебел можеби уште некое време ќе бидат малку разочарани, роботот за сега ќе може да склопува само столчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП