23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром очекува ревизија на договорите

Газпром очекува ревизија на договорите

gazprom3

Газпром очекува ревизија на договорите со низа европски потрошувачи на гас до крајот на овој месец, изјави заменик претседателот на управниот одбор Александар Медведев.

Според неговите зборови, попустот би можел да биде од седум до десет проценти. Меѓу компаниите кои побараа ревизија на договорот се италијанскиот „Ени“ и францускиот „Гас де Франс“, пренесува Франс Прес.

Медведев додаде дека попустот е во согласност со договорот, а се надоврзува, меѓу другото, и на промената на цената на нафтата „брент“.

Приходите од извозот на Газпром оваа година би можеле да достигнат 57 милијарди долари. Според Александар Медведев, без очекуваниот раст на извозот, цените на гасот ќе бидат помали.

Се очекува дека оваа година на пазарот во Европа, Газпром ќе пласира 152 милијарди кубни метри гас. Во земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД) и балтичките земји извозот би можел да достигне 75 милијарди кубни метри, во однос на 64,4 милијарди кубни метри од минатата година.

Минатата година приходите од извозот надвор од земјите на ЗНД изнесуваа 55,9 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП