26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК кон кампањата на ООН: Креативноста и иновативноста се богатсво на нациите

ССК кон кампањата на ООН: Креативноста и иновативноста се богатсво на нациите

Како дел од кампањата со која за прв пат годинава ширум светот се одбележува Светскиот ден на креативност и иновативност 21 април и Светската недела на креативност и иновативнсот 15- 21 април во склоп на Глобалните цели за одржлив развој на ООН, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во соработка со Меѓународниот институт за применета психологија „Bureau Land“ – Холандија, за компаниите членови организираше тркалезна маса на тема: „Kако до поголема креативност и иновативност во компаниите“.

Главен говорник е Др. Јоке Ланд, психолог и интернационално сертифициран мастер BHNM® NLP тренер, системски специјалист од Меѓународен институт за применета психологија „Bureau Land“ – Холандија, а обраќања имаа и проф. Др. Радмил Поленаковиќ на тема: Иновативноста на компаниите во МК и Александар Зарков, извршен директор на Сојузот.

„Учесниците имаа можност да се информираат за најновите трендови како да ги подобрат капацитетите за иновативност и креативност во компаниите за зголемување на нивната конкурентност на домашниот и странскиот пазар. Креативноста и иновативноста, индивидуално и глобално станаа вистинско богатство на нациите во 21-от век, според наодите на специјалното издание на Извештајот за креативна економија “Проширување на локалните развојни патишта”, ко-објавен од страна на Обединетите нации во соработка со УНЕСКО и УНДП“. Во светот се прокламира идејата дека иновациите се неопходни за искористување на економскиот потенцијал на нациите. Иновацијата, креативноста и претприемништво можат да обезбедат нов импулс за економски раст и создавање нови работни места. Тоа значи проширување на можностите, со поголемо вклучување на жените и младите, како и обезбедување решенија за некои од најосновните предизвици како што се искоренување на сиромаштијата и елиминација на гладта“, изјави Зарков.

На 27 април 2017 година, Обединетите нации одлучија 21 април да биде Светскиот ден на креативноста и иновациите, како ден кој ќе ги охрабри луѓето ширум светот да ја користат креативноста во решавањето на проблемите за сите прашања поврзани со постигнувањето на целите за одржлив развој. Така, 2018 е првата година кога ОН го одбележуваат Светскиот ден на иновативност и креативност. ССК е дел од Македонската мрежа на глобалниот договор на ООН за силната посветеност и визија за имплементирање на општествено одговорните практики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП