29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори

Бектеши: Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори

Иако роковите се уште траат, граѓаните веќе да не аплицираат за субвенции за сончеви колектори и ПВЦ или алуминиумски прозори, соопшти денека министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши на прес-конференција рече дека средствата се исцрпени, зашто интересот кај домаќинствата бил многу голем, а распределбата на поддршката е реализирана по принципот прв дојден, прв услужен.

Како што напомена Бектеши, Министерството за економија ќе побара дополнителни субвенции од Владата со првиот ребаланс на буџетот.

– За сончеви колектори пристигнаа над 900 апликации, а буџетот беше шест милиони денари, додека за ПВЦ прозори беа доставени повеќе од 1.400 барања, а буџетот изнесуваше 30 милиони денари, истакна министерот.

Тој уште еднаш потсети граѓаните да не аплицираат ниту за поддршка за печки на пелети, зашто поради големиот интерес, исцрпена е поддршката и за оваа мерка.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со нови вработувања во Министерството за економија, Бектеши рече дека не е информиран зашто не присуствувал на последната владина седница, но на следната, во вторник ќе провери, како што нагласи, дали какви било информации од Министерството за информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП