24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на туризмот – Македонија најитересна за соседите

Раст на туризмот – Македонија најитересна за соседите

Туризмот оди во нагорна линија – државната статистика мери раст и на бројот на гости и на остварените ноќевања. Бизнисмените од овој сектор се жалат на нелојалната конкуренција но остануваат оптимисти.

ДЗС: раст на бројот на туристи и на остварени ноќевања

Во Македонија во февруари годинава имало 41.182 туристи кои оствариле вкупно 89.301 ноќевање. Во однос на февруари лани е остварен раст од 11.7 односно од 11.8%.

Од вкупниот број на туристи, 41.182, повеќе од половина односно 26.519 биле странски а 14.633 домашни.

Најголем дел од туристите доаѓаат од потесниот регион: Грција (11.7%), Србија (10.7%), Косово (10.3%), Албанија (9.5%), Турција (9.3%), Бугарија (8.1%).

Бројот на гости од далечните земји е далеку помал. Во февруари земјава ја посетиле само 4 туристи од Нов Зеланд, 4 од Јужна Африка, 12 од Бразил.

Најголем дел од хотелските групации со намалена заработка

Сепак, позитивните статистички податоци не се рефлектираат во финансиските извештаи на хотелските групации кои котираат на Македонската берза.

Македонијатурист која ги менаџира хотелите Holiday Inn, Best Western, Карпош, Белви, Водно 2017-та година ја завршила со солидна добивка од 1 милион и 787 илјади евра што е за 7% помалку во однос на 2016-та. Заработката по акција била 270 денари.

Интернешнел хотелс минатата година ја завршил со профит од 61 и 500 евра што е намалеување за 43%.

Од друга страна Хотели Метрпол Охрид има раст на добвиката од фантастични 95% откако 2017-та ја заврши со профит од 390 илјади евра.

Малите пансиони голем проблем за хотелите

Нелојалната конкуренција од малите пансиони но и се популарните online сервиси како Airbnb и booking.com се главниот проблем за македонските хотели.

На интернет се огласува се – станови и соби, мали хотели и пансиони со понуди за глобалниот пазар.

Речиси 800 капацитети се претставени на booking.com, најобемната интернет база за резервации. Најголем дел се во Охрид и во Скопје, но ги има речиси во сите градови – Берово, Кратово, па и дури и Радовиш.

„На располагање туристички водич до сите околни знаменитости… Бесплатно перење и пеглање на алишта“ – ова се дел од бонусите што ги даваат сопствениците во обид да привлечат гостин повеќе.

Туризмот засега учествува со само околу 2% од вкупниот Бруто – домашен производ (БДП), а девизните приливи на годишно ниво се околу 200 милиони евра.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП