26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите на Русал почнуваат да ја загрижуваат германската индустрија

Санкциите на Русал почнуваат да ја загрижуваат германската индустрија

Германија ги упати првите алармантни сигнали за тоа дека американските санкции против еден од најголемите производители на алуминиум ќе нанесат штета надвор од Русија.

Политичарите треба брзо да преземат акција за да се избегне економска криза. Ова се наведува во извештајот на германската лобистичка група „WirtschaftsVereinigung Metalle“ (WVMetalle), која претставува 655 металуршки компании. Поради санкциите против „Русал“ некои европски фабрики може да бидат принудени да затворат, а автомобилските производители може да се соочат со недостиг на суровини, се вели уште во текстот, цитиран од „Bloomberg“.

И додека санкциите против „Русал“ предизвикаа турбуленции на глобалните пазари, имаше ограничена реакција од страна на водечките политички фигури на континентот. Ситуацијата сепак може да излезе надвор од границите на Русија, ако фабриките на „Русал“ во Ирска и Шведска бидат погодени од санкциите.

Клучна за европските проблеми е алуминиумската рафинерија „Aughinish Alumina“ во близина на ирскиот град Лимерик. Фабриката на „Русал“ има централна улога во глобалниот синџирот на снабдување.

„„Aughinish Alumina“ е незаменлива во снабдувањето со алуминиум на европскиот пазар“, посочуваат од „WVMetalle“ кои инсистираат фабриката да биде исклучена од санкциите.

„Rio Tinto Group“ има фабрики во Франција и Ирска, кои користат ирски алуминиум, а „Liberty House Group“ поседува комбинат во Шкотска, кој исто така е зависен од објектот. Фабриката во Франција, е најголемиот алуминиумски комбинат во Европа и снабдува компании како „BMW AG“, „Daimler AG“ и редица други.

Санкциите веќе создаваат трговски тешкотии. Два брода, кои требало да пренесуваат алуминиум од „Aughinish Alumina“ до Франција, останале на пристаништето во Ирска.

Според извори во моментов „Rio“ прави преоценка на резервите од алуминиум и на тоа колку од пратките може да ги транспортира по други правци. Според запознаени извори не е исклучено компанијата да треба да ја намали активноста на некои фабрики, ако не може да биде најден алтернативен провајдер.

Претходно вчера ирската влада посочи дека е ангажирана со случајот на „Aughinish Alumina“, но ќе треба да помине време пред да може да се каже каков ќе биде ефектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП