24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Постигнат договор, нема генерален штрајк

Хрватска: Постигнат договор, нема генерален штрајк

0346007.48

Претставници на хрватската Влада и 11 синдикати на вработени во јавните и државните служби постигнаа договор за плати, по што е откажан генералниот штрајк на вработените во тие служби, што беше најавен за утре наутро.

– Штрајк нема да има, Владата и синдикатите постигнаа договор, рече министерот за образование, наука и спорт Жељко Јовановиќ и додаде дека „Владата нема да го купува социјалниот мир и нема да се задолжува за исплата на платите“.

– Владата сака да потпише договор кој е остварлив за двете страни, рече Јовановиќ.

Синдикатите во досегашниот тек на преговори бараа да им се врати три отсто од бруто платите за колку се намалени во почетокот на годината и тоа кога во земјата ќе се оствари одреден економски раст.

Владата предложи платите на вработените во државните и јавни служби да се зголемат кога БДП ќе се врати на нивото од пред кризата, односно од 2009 година, бидејќи тоа би исплата на зголемувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар