6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИP&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

„Procter&Gamble“ објавија дека постигнале договор за купување на здравствената единица на германскиот фармацевтски гигант „Merck“, објави „Ројтерс“. Цитираниот износ е 3,4 милијарди евра.

Набавката ќе и овозможи на „P&G“ да ги додаде брендовите „Vicks“, „Pepto-Bismol“ и „Oral-B“ во своето портфолио.

„„Merck“ поседува десет големи брендови и генерира една милијарда долари годишен приход од продажби од овој бизнис. Во текот на изминатите две години, во оваа област има раст од околу 6%“, објави „Business Wire“.

Во САД, компанијата е позната по своите витамини, производите „Febimion“ и различни додатоци во исхраната.

Ова ќе биде една од најголемите набавки за американската компанија во последниве години, коментира „MarketWatch“. „P&G“ забележува забавување на растот на големите пазари и намалување на приходите од еден од нејзините најголеми бизниси – „Gillette“, додаде агенцијата.

„Merck“ ја понуди својата единица за продажба со намера да се фокусира на производство на лекови, велат од светските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП