22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTI: Сопствениците јавни само во една држава

TI: Сопствениците јавни само во една држава

Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност.

Ова е заклучок на меѓународната организација за спречување корупција „Transparency International“ (TI)

„TI“ во својот извештај наведе дека 11 земји од составот „G20“ имаат слаби или просечни правни рамки за борба против финансиски затајувања, пренесува „AP“.

Во соопштението стои дека добар напредок забележале Франција, Германија, Италија и Бразил, додека Велика Британија и  понатаму е единствената држава во составот која има јавно достапен централен регистар со информации за сопствениците.

Канада и Јужна Кореа се класифицирани како „слаби“, додека САД, Австралија и Кина имаат напредок и преминуваат од „слаби“ во нивото „просечни“.

Единствено ЕУ не е рангирана, но се вклучени земји од нејзиниот состав кои се дел од составот, а тоа се Холандија, Шпанија и Швајцарија, додава агенцијата, но не наведува како се оценети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП