23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат своите бизнис-идеи пред шестчлена жири-комисија, во која учество зеде и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот го изрази задоволството од организацијата на овој настан и потенцира дека ова е добра можност младите претприемачи да ги презентираат потенцијалите на своите старап-компании.

„Економијата на Република Македонија треба да се базира на иновативни проекти, да ја движат млади, едуцирани и креативни претприемачи. Ги повикувам сите луѓе со бизнис-идеја да се охрабрат и да започнат бизнис затоа што сега како никогаш досега Владата ќе ги подддржи во реализацијата на идеите. Токму затоа во третиот столб на планот за економски раст предвидовме мерки со кои се овоможува силна поддршка на стартап, малите и средните компани, а кои ќе се реализираат преку Фондот за иновации и технолошки развој. Веќе наредната седмица Фондот ќе го објави првиот повик за поддршка на микро, малите и средните компании, каде што ќе бидат наменети средства за поддршка на овие компании“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Победникот на натпреварувањето, според оценките од жири-комисијата, стартап-компанијата Meerkkido од Босна и Херцеговина, доби награда во форма на ваучер со кој се овозможува учество на глобалнaта конференција 1 Million Start Ups, која ќе се одржи во Виена во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП