19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ


Канцеларката Меркел ја поддржува идејата за воспоставување на Европски монетарен фонд (ЕМФ), под услов националната влада да има надзор во неговото функционирање.

Имено, германските конзервативци се грижат дека ЕМФ би можел да подпадне под јурисдикција на Европската комисија и да ги искористи парите од даночните обврзници за финансирање на „расипничките“ членки.

Исто така се грижат дека долниот дом на германскиот парламент, би можел да го изгуби правото на вето на спасувачките пакети во еврозоната.

Изјавата на канцеларката е во пресрет на утрешната посета на францускиот претседател Макрон, кој се залага за сериозни реформи во еврозоната и настојува да спречи повторување на финансиската криза од 2009-та година на 19-тe членки на овој блок. Еден дел од визијата на Макрон е претворање на европскиот фонд во европски монетарен, иако во еден момент имаше предлог еврозоната да има сопствен буџет вреден повеќе од 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП