ИТ експерт со огромно работно искуство како во јавниот, така и во приватниот ИТ сектор во Словенија. Во 2007 година, г. Сајовиц основа сопствена комапнија ITSM CENTER Slovenia, каде до ден денес е генерален директор. Како ITIL тренер ги има сите ITIL V3 Expert сертификати.
По покана на Семос Едукација и Клиар Вју, дел од своето знаење на неколку теми од оваа област ќе сподели на првата Национална конференција за проектен и ИТ менаџмент која ќе се одржи на 25 април во Скопје.
Денар: ИТ сервис менаџерите ја разбираат улогата на ITIL во дигиталната трансформација на бизнисите. ITIL е рамка за најдобри практики за водење на ИТ, која може да се примени на организации од било која големина. Колку е релевантен ITIL во дигиталната трансформација?
Дигитализација ≠ дигитализација.
Дигитизираните бизнис и ИТ процеси се основа за дигитализација – дигитална трансформација. Првиот чекор кон дигитална трансформација е добро дефинирани процеси и потоа вториот чекор е да се дигитизираат овие процеси. Овде е местото каде што ITIL доаѓа во игра. Компаниите можат да го користат ITIL како упатство за процесирање на дигитизацијата. Откако ITIL е целосно имплементиран, компанијата може да започне со акумулирање на многу различни ИТ и деловни податоци. Овие податоци потоа можат да се користат за да се измисли нешто ново за компанијата и да се започне патувањето на дигитална трансформација. Комплетираниот ITIL потоа игра важна улога помагајќи им на сите бизнис и ИТ услуги да работат без проблеми.
Денар: На Конференцијата за проектен и ИТ менаџмент која ќе се одржи на 25 април во Скопје, ќе говорите токму за ова, за тоа како една организација треба да пристапи кон стратегијата за дигитална трансформација, вклучувајќи три различни ставови: зрелост на процесот (ITIL), зрелост на луѓето и технолошка зрелост. Што ова накратко значи?
Ми претставува особено задоволство да бидам дел од овој настан, сакам да изразам благодарност до организаторите со кои воедно соработувам како долгогодишен ITIL тренер во Семос Едукација. Во врска со вашето прашање, многу организации кои го започнуваат своето патување во дигитална трансформација се фокусираат само на технологијата. Ова е најголемата грешка што може да ја направат. Само холистички поглед на дигиталната трансформација може да ја доведе организацијата до саканите цели, што значи дека организацијата треба да ги земе предвид сите аспекти од технологијата, процесите и гледиштето на најважните луѓе.
Денар: Како ова ќе им помогне на компаниите во нивниот процес на дигитална трансформација? Кои се придобивките кои ќе ги имаат присутните доколку потоа го применат ова во пракса врз нивните бизниси?
Дигиталната трансформација влијае врз искуството на клиентите, деловната иновација и деловната ефикасност, напојувано од дисруптивни технологии и процеси. Со користење на овој пристап како што се препорачува, компаниите можат да избегнат заеднички недостатоци во нивната дигитална трансформација.
Денар: Со оглед на тоа што светот расте и се развива толку брзо како што тоа го прави денес, а новата технологија е секаде достапна, како се движи процесот на компаниите при дигиталната трансформација? Каде е најчестиот проблем при успешно дигитално трансформирање?
Најголемиот проблем со process design е да се надмине смислата дека ќе добиете процеси кои се бирократски и луѓето ќе почнат да ги избегнуваат. Јас би препорачал тоа да се зачини со агилност.
Денар: Кои се некои од трендовите што ги гледате во дигиталната трансформација, што се очекува во иднина?
Словенија моментално води „blockchain“ револуција и сме дел од некои навистина просперитетни проекти. Blockchain во моментов се смета како број еден дисруптивна технологија во светот. Компаниите ќе имаат светла иднина сѐ додека се способни брзо да ги прифатат новите трендови кои доаѓаат на пазарот со молскавична брзина како „blockchain“. Ова значи дека и компаниите треба да одговорат со молскавична брзина. Тоа може да го постигнете така што ќе ги имате вистинските процеси на место, ќе бидете агилни и ќе се ослободите од сите непотребни елементи. Метафорички кажано: Треба да ги смалиме големите бродови што со години ги градевме на мали и брзи чамци за да крстариме по разбранетите мориња што ги доживуваме секој ден.