28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

„Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

Американскиот ланец на кафулиња во Старзбург одлучи да ги затвори сите под нивно водство во САД,  поради бранот на негативни реакции кои произлегоа поради апсење на двајца Афро-американци во еден од нивните кафулиња, настан кој беше протумачен како расистички чин.

На тој начин, корпорацијата сака да го зачува својот углед, кој е загрозен поради инцидентот кој се случи во Филаделфија во четвртокот.

Настанот е снимен од страна на една клиентка, а снимката во текот на викендов се прошири на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како двајцата афро-америкаци се уапсени иако, седат мирни и не прават никаков прекршок во објектот.

Видеото предизвика бурни критики и креирање хаштаг кој го искажува револтот кај луѓето и порачува бојкотирање на „Starbucks“. #boycottstarbucks.

Полицијата беше повикана на лице место, а адвокатот на двете лица изјави дека тие не ни порачувале нешто, само го чекале нивниот пријател.

„Starbucks“ ќе затвори повеќе од 8.000 кафулиња, и ќе организира курс за идните работници со цел да се спречи дискриминацијата во нашите локали“, објави компанијата.

Курсот ќе биде организиран за 175.000 работници, вклучуваќи ги и адмиистративните и комерцијалните служби. Во иднина ова ќе се практикува и за сите идни работници.

Целта на компанијата е сузбивање на расистички предрасуди, спречување дискриминација и осигурување дека сите клиенти ќе се чувствуваат сигурно и безбедно, истакнува компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП