ПочетнаКАРИЕРАИако се добро платени, сепак се најдосадните професии!

Иако се добро платени, сепак се најдосадните професии!

Едно интересно истражување со позанимава со најдосадните професии, па проверете дали една од нив е токму вашата професија!

Утре следува уште еден работен ден, но со задоволство би останале дома нели? Мислите дека вашата работа е досадна? Секако, не е секоја професија возбудлива и полна со предизвици, но сега можеме со сигурност да знаеме кои од нив се најдосадни.

Студијата која ја спроведе „ Emolument“, направи испитување на околу 1.300 луѓе во 14 различни земји. Мора да кажеме дека резултатите поприлично се изненадувачки, пренeсе „New York Post”.

Кој од вас е голем обожавател на серијата„Suits“?! Можеби ќе го промените мислењето откако ќе ја слушнете следнава информација. Со 81%, правните професии се покажаа како најдосадни. Второ место заземаат работните места во кои се управува со проекти и тоа со 78%. Додека на трето место се најдоа оние кои се занимаваат со грижата околу потрошувачите со 71%.

Со 68% следни се оние кои што работат како даночни обврзници, а на петто место се сметководителите и даночните советници. Меѓутоа, и на банкарите работата не им је баш возбудлива со 67% се најдоа и тие на оваа листа.

Седмото место го заземаат оние кои се занимаваат со технички работи, а на последно место се продавачите. Сите овие професии, ги следи секторот за маркетинг и комуникации каде, 60% од вработените се досадуваат на работното место, а 56% се дел од ИТ персоналот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП