23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

„Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

Приходите на „Нетфликс“ во изминатите три месеци достигнаа 3,7 милијарди долари, 40 отсто повеќе од лани, што е најбрз раст на приходите во историјата на компанијата. Значително пораснал и бројот на претплатници на нејзината услуга за интернет-телевизија.

Според извештајот на „Нетфликс“, бројот на претплатници пораснал 7,4 милиони, околу милион повеќе од очекуваното, што е 63 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Сега има вкупно 125 милиони корисници во светот.

Од „Нетфликс“ порачале дека ќе продолжат со зголемување на инветициите во создавање оригинални содржини, а дека ќе ги намалат лиценцираните содржини. Оваа година компанијата планира да вложи осум милијарди долари во телевизиска програма и филмови.

За брзото ширење на „Нетфликс“ во светот, која услугите ги нуди во 190 држави, укажува  и податокот дека сега повеќе од половина од претплатниците се надвор од САД. Пазарната вредност на „Нетфликс“ достигна 137 милијарди долари, двојно повеќе од лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП