23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

Нафтената компанија „Total“ купува 74,3% од француската компанија за комунални услуги „Direct Energie“ за 42 евра по акција, додавајќи ги електричната енергија и природниот гас кон својот главен нафтен бизнис, соопшти „Bloomberg“.

По завршувањето на договорот вреден 1,4 милијарди долари, „Total“ ќе се обиде да го купи малцинскиот удел во компанијата по истата цена по акција. Одборот на „Direct Energie“ едногласно го одобри договорот.

Договорот покажува зголемените напори на водечките нафтени компании да влезат во бизнисот со комунални услуги, за да се подготват за иднината, во која фосилните горива веќе нема да доминираат во енергетскиот микс.

Европскиот ривал „Royal Dutch Shell“ се согласи во декември да ја купи „First Utility“, седмиот по големина снабдувач на електрична енергија во САД.

„Со оваа трансакција „Total“ се стреми активно да развива производството и дистрибуцијата на електрична енергија и гас во Франција и Белгија“, објави компанијата. „Тоа пријателско соединуваљње е дел од стратегијата на групата да се прошири и да ги развие нискојаглеродните енергии“, се додава во соопштението.

Вкупната вредност на предлогот надминува околу 12,5 пати поголема од прогнозата за приходите од „Direct Energy“ за 2018-та година пред камата, даноци и амортизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП