18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Се зголемуваат заканите за глобалниот финансиски систем

ММФ: Се зголемуваат заканите за глобалниот финансиски систем

Заканите пред светскиот финансиски систем се зголемуваат, а цената на ризичните активи се зголемува на начин кој потсетува на годините пред светската финансиска криза, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Негативните ризици пред финансиската стабилност се зголемија „до одреден степен“ во последните шест месеци, изјавија од финансиската институција во последниот извештај за меѓународната финансиска стабилност, цитиран од „Bloomberg“.

„Финансиската ранливост која се натрупа со текот на годините од исклучително ниски каматни стапки и нестабилноста, може да предизвика тешкотии на патот напред и да го стави растот во ризик“, велат од Фондот.

Инвеститорите не треба да се „премногу“ спокојни од фактот дека немало големи потреси од големото распродавање кој ги потресе пазарите во февруари, посочуваат уште од Фондот.

Од ММФ велат дека голем број средства се преоценети, а вредноста на акциите е висока во однос на основните цени во светот и особено во САД. Зголемена е и оценката на корпоративните обврзници, а се набљудуваат знаците на прегревање во однос на побарувачката на каматните заеми од компании со низок кредитен рејтинг, посочува уште од Фондот.

Светските берзи требаше да сносат остри корекции на крајот на јануари и почетокот на февруари поради сомневањата во издржливоста на светската економија, а само американските акции поевтинија со 10%.

„Постепеното враќање на каматните стапки кон нормалните вредности ќе биде тешка задача, која бара прецизна комуникација помеѓу централните банки и законодавците, за да се намали ризикот од нагло намалување на финансиските услови“, изјави Тобиас Адријан, директор на одделот за монетарни и пазари на капитал во ММФ.

Според него неодамнешното зголемување на трговските тензии предизвика „страв“ меѓу инвеститорите и една ескалација на „протекционистички мерки може да се одразат на светската економија, како и на светската финансиска стабилност“, дополни тој.

Другото предупредување на ММФ е и тоа дека во моментов инвеститорите не го проценуваат ризикот од нагло забрзување на инфлацијата во следните неколку години, што ги прави пазарите подложни на „инфлациски изненадувања“.

Нов извор на ранливост за финансискиот систем е и појавувањето на криптовакутите, вели Адријан. Според него, ризикот може да потекнува од позициите на инвеститорите во оние средства кои се само во дигитална форма. Исто така, постојат и „инфраструктурни слабости“ во дигиталните размени, како и ризикот од измама и висока нестабилност, додаде тој.

Од ММФ велат уште дека иако банкарскиот сектор стана поотпорен од финансиската криза наваму, важно е за земјите да вршат реформите со кои се ангажираа по падот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП