1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКувајт ќе инвестира во Босна

Кувајт ќе инвестира во Босна

Претседателот на тројното претседателство на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ се сретна со принцезата на Кувајт, Навал ал Сабах, пишува „Сараево Тајмс“.

Од претседателството соопштија дека принцезата е во неколкудневна посета на Босна и Херцеговина, на чело на делегацијата инвеститори кои престојуваат во земјата. Ал Сабах го информирала Изетбеговиќ за големиот интерес на Кувајтските инвестициски фондови во секторите на инфраструктурата, телекомуникациите и енергетиката.

Ал Сабах е на чело на Кралската инвестициска компанија, претседател е на Одборот на директори на Арапско-египетскиот инвестициски фонд, претседател е на една од комисиите на Арапската лига и амбасадор на мирот на Обединетите Нации.

Изетбеговиќ доби покана да го посети Кувајт во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП