11 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony ја претстави Xperia M

Sony ја претстави Xperia M

xperiam

„Sony“ го најави новиот паметен телефон под името „Xperia M“. Исто како моделот „Xperia L“ новиот уред ќе биде наменет за помалку пребирливите корисници.

Станува збор за паметен телефон со 4 инчен „FWVGA“ (854 x 480) екран и „dual core“ 1GHz „Snapdragon S4 SoC“ процесор кој е поврзан со 1GB RAM.

„Xperia M“ поседува само 4GB простор за складирање на податоци, но со помош на „microSD“ картичките може да биде зголемен до 64GB.

Задната камера е со 5 мегапиксели која користи и блиц, додека пак предната камера е „VGA“.

Од компанијата најавија дека покрај моделот „ Xperia M“ на корисниците ќе им понудат и верзијата „Xperia M dual SIM“.

„Xperia M“ и „Xperia M dual SIM“ ќе бидат достапни во црна, бела и виолетова боја, додека моделот со една „SIM“ картичка ќе биде достапен и во жолта боја.

Уредите ќе користат батерија од 1.750mAh, а на пазарот би требало да се појават во третиот квартал од 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП