19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчајнички молат - плата од 30.000 евра и платен стан

Очајнички молат – плата од 30.000 евра и платен стан

Најголемиот германски работодавач, аеродромот “Fraport”, објави дека им недостасуваат работници и дека нудат годишна плата од 25.000 до 30.000 евра.

Работниците треба да имаат основни познавања на германски и англиски јазик, а покрај квалификуваните работници, тие ќе ги вработуваат и оние кои немаат квалификации, објавува Vijesti.hr.

Аеродромот во Франкфурт вработува 81.000 работници, но работна сила сѐ уште им недостасува и очајно се бара, објави Шпигел.

Платата за поедноставни работни места е помеѓу 25.000 и 30.000 евра годишно, а на работниците им се нуди поевтино сместување, кое не треба да чини повеќе од 350 евра, пишува германскиот весник.

На бруто плата од 25.000 евра, тоа би значело дека работникот ќе има помеѓу 1.600 и 1.700 евра нето плата месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП