19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Подобрена медиумска клима и ослободено новинарство

ЕК: Подобрена медиумска клима и ослободено новинарство

Направен е добар прогрес во слободата на изразување, особено во подобрувањето на климата за работа на медиумите и намалување на притисокот врз новинарите, констатира ЕК во извештајот за напредокот на Македонија.

Медиумите и новинарите од средината на минатата година можат послободно да го критикуваат несоодветното однесување на официјалните претставници, без цензура. Во консултација со разни чинители подготвен е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ЕК укажува дека, сепак, неопходно е натамошно подобрување, вклучувајќи и реформа на јавниот радиодифузен сервис и поголема заштита на новинарите и нивните права.

Мора да има нула толеранција за физички и вербални напади и закани врз новинари. Јавниот радиодифузен сервис треба да се реформира и да се зајакне неговата независност. Поправени се некои од забелешките во претходните извештаи, особено за укинување на владиното рекламирање и намалување на притисокот врз новинарите што овозможи побалансирано известување. Покрај реформата на јавниот сервис, ЕК препорачува мерки за поддршка на објективното известување и разновидност на гледиштата во главните медиуми, зајакнување на професионалноста на медиумите, како и санкционирање на сите форми на насилство против новинарите.

Потребни се и мерки за промовирање на поволно опкружување за слобода на изразување, поттикнување на професионално однесување на сите заинтересирани страни во медиумите, професионализам и точно известување. Треба да се обезбеди и соодветно следење на сите случаи на насилство врз новинарите од страна на органите за спроведување на законот и судските органи, оценува ЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП