6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска и утре променливо облачно, викендов пораст на температурите

Денеска и утре променливо облачно, викендов пораст на температурите

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, главно во западните и јужните делови со повремен локален дожд и ретки грмежи.

Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец, кој во северозападните делови повремено ќе се засилува. Минималните температури ќе се движат од 4 до 12 степени, а дневната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен повремено засилен северен ветер.

До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер, кој в петок во северните делови и по должина на Повардарието повремено ќе се засилува.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП