27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на телефонијата – се помалку фиксни и мобилни броеви

Пад на телефонијата – се помалку фиксни и мобилни броеви

Продолжува падот на телефонијата кој трае веќе неколку години. 2017-та завршила со намален број на претплатници и на фиксни и на мобилни телефони.

Бројот мобилни линии намален за 26.491

2017-та завршила со 2 милиона и 22 илјади претплатници на мобилен телефон што е за речиси 27 илјади или за 1.3% помалку во однос на 2016-та, покажуваат податоците на штотуку објавениот годишен извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Намалувањето пред се се должи на значителниот пад деловни корисници (околу 17 илјади). Од друга страна бројот на при пејд линии (околу 46 илјади). Од друга страна бројот пост пејд линиите за физички лица се зголемил за околу 37 илјади, но бројот на при пејд корисници се намалил за 46 илјади.

И покрај ваквите флуктуации и натаму околу половина од броевите се при пеид а половина пост пеид.

Оне.Вип втора година по ред, односно откако двете компании се споија, ја држи првата позиција на пазарот (49.57% од корисниците). Т-Мобиле има 47.97% а Лајкамобил 2.46%.

Бројот на фиксни линии намален за 5.771

Пад има и во сегментот на фиксна телефонија – бројот на линии се намалил за речиси 6 илјади односно за 1.6% до 360 илјади. Од нив околу 320 илјади се кај домаќинствата, а 40 илјади кај деловните субјекти.

Според податоците на АЕК 58.9% од фиксните линии се кај Македонски телеком, 29.49% кај Оне.Вип, а останатите кај помалите оператори.

Минатата година завршила со раст од 0.9% кај интернет корисниците. Нивниот број достигнал 1 милион и 159 илјади.

Во 2017-та над 5.000 јавувања во АЕК

Лани над 5 илјади луѓе се јавиле во Агенцијата за електронски на бројот 190. Најчесто поплаките се однесуваат на високите сметки, по што следат приговорите за неквалитетна или ненавремена услуга, како и прекини во врските.

На бројот 190 сите корисници на услугите на телекомуникациските оператори можат да пријават евентуални проблеми со она што е во доменот на електронските комуникации: мобилната и фиксна телефонија, мобилен и фиксен интернет и кабелската телевизија во земјава.

Контакт центарот во АЕК функционира од 2010 година со цел да се обезбеди подобра комуникација со корисниците на телекомуникациски услуги.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП