
Остварлива е стапката на економскиот раст на земјава од 3,2 отсто за оваа година, иако ММФ и Светска банка деновиве излегоа со проекција дека годинава економскиот раст ќе биде 2,8 отсто, смета претседателот на Македонската Академија на Науките и уметностите(МАНУ), Таки Фити, кој денеска на штипскиот универзитет “Гоце Делчев“ присуствуваше на промоцијата на книгата „Патеките на транзицијата“: емпириска анализа на македонската и бугарската економија, а работена како меѓународен проект меѓу МАНУ и БАН.

