23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвилановиќ: Дигитализацијата е единствен начин балканските земји предвреме да влезат во ЕУ

Свилановиќ: Дигитализацијата е единствен начин балканските земји предвреме да влезат во ЕУ

Дигитализацијата на земјите од Западен Балкан е единствен начин овие држави да бидат дел од Европската Унија пред официјалното членство. Оваа шанса за дигитализација на регионот мора да се искористи, рече Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, на денешната прес-конференција на првиот дигитален самит на Балканот во Скопје.

Според него, постојат три главни причини зошто е важно општеството да се дигитализира, и тоа зголемување на БДП на земјите, односно нови вработувања, промени во законот за работни односи и корупцијата.

„Дигитализацијата носи 1,8 отсто раст на домашниот бруто-производ на земјите, поттикнува нови вработувања, промена на законите за работни односи и предност во борбата со корупцијата, во услугите на јавната администрација преку интернет нема манипулации“, вели Свилановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП