19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГабриел: Земјите од Западен Балкан можат да се приближат до ЕУ само...

Габриел: Земјите од Западен Балкан можат да се приближат до ЕУ само преку заеднички развој

Од исклучителна важност е земјите од Западен Балкан да се држат и развиваат заедно бидејќи само така можат да постигнат напредок за влез во Европската унија. Денешниот самит е голем чекор напред во дигиталната трансформација на земјите, рече Европската Комесарка за дигитална економија, Марија Габриел.

„Перспективите на младите луѓе, бизнисот и економијата зависат од одлуките кои ќе ги направат државите во врска со дигитализацијата. Младите имаат потреба да бидат поттикнати, поддржани и охрабрени, дигитализацијата тоа може да го овозможи“, рече Габриел.

Европската комесарка информираше дека Европската унија ќе им помогне на земјите од Западен Балкан во унапредувањето на дигиталните способности кај граѓаните. Покрај ова, Габриел истакна дека од големо значење е дигитализацијата на јавната администрација бидејќи со тоа граѓаните ќе добијат побрзи и поквалитетни услуги.

„Дигитализацијата ќе овозможи подобри услови за граѓаните во јавната администрација, со сигурност ќе има поквалитетни услови, а ќе се избегнат и гужвите по шалтерите кои создаваат нервоза кај граѓаните“, рече Габриел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП