27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕзерото Козјак ќе се чисти во недела

Езерото Козјак ќе се чисти во недела

Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија“, в недела, 22 април, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја, ќе спроведат акција за чистење на езерото Козјак.

Сите заинтересирани љубители на чистата животна средина може да се приклучат во оваа еколошка акција. За успешно спроведување на акцијата ќе се формираат два централни пункта, во село Здуње и село Близанско, од каде што тимовите со чамци и потребна опрема ќе почнат со чистење на езерото, а членовите на граѓанските здруженија, граѓаните и посетителите ќе го чистат крајбрежјето.

Во акцијата се приклучува и Асоцијацијата на колективни управувачи со отпад, спортисти (кајакари, нуркачи, планинари), државни институции, Општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Акцијата ќе започне во 11, а ќе заврши во 15 часот.

За пристап до посочените локации постои посебен возен режим. Регуларниот возен режим е од 6.30 до 9 часот во правец кон локациите и од 16 до 18.30 часот кон Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП