28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai ги проширува производните капацитети во Турција

Hyundai ги проширува производните капацитети во Турција

turcija

„Hyundai Motor Company“  ги привршува работите со проширувањето на својата фабрика во Турција.

Производствениот капацитет на фабриката „Hyundai Assan Otomotiv Sanayi“ (HAOS) со ова проширување ќе биде зголемен на повеќе од 200.000 автомобили. Меѓу другото со овој чекор е овозможен старт на производството на новиот модел „i10“.

Работите за проширувањето на фабричките погони забрзано се доведуваат до крајот и тоа по само една година од објавувањето на оваа инвестиција вредна околу 609 милиони долари. Наскоро се очекува и завршување на лимарскиот погон и погонот за склопување на шасиите. Производството на новиот модел „i10“ за европскиот пазар и Турција ќе започне порано од предвиденото, а беше планирано за крајот на септември.

Двата нови погодни се во целост автоматизирани со помош на роботи, а капацитетот на линијата за монтирање сега е зголемен за двапати. Исто така е поставена и комплетно нова линија за проверка и тестирање на шасиите.

Со започнувањето на производството на новиот i10, а со веќе постоечкото производство на i20 кое започна во 2010-та година, фабриката „Hyundai Asan“ ќе стане главна база за производство на мали автомобили на компанијата за пазарите во Европа. Фабриката ќе извезува во преку 30 земји, воглавном на стариот континент. Се очекува до крајот на 2014-та година фабриката да испорача на пазарот повеќе од 160.000 возила или повеќе од 180.000 автомобили до крајот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП